Отсега сексуалното насилство на студентските кампуси може да биде пријавено кај студентската правобранителка Теа Мицевска на мејлот pravobranitel.ukim@gmail.com.
Од студентското универзитетско собрание потенцираат дека анонимноста е загарантирана, а во решавање на случаите ќе бидат вклучени студентскиот правобранител и студентското собрание.
„Во високото образование не смее да има простор за сексуално вознемирување! Универзитетот мора да биде безбедна зона за сите студенти.Јавна тајна се случаите кога одредени професори се однесуваат предаторски кон своите студентки, злоупотребувајќи ја својата позиција на авторитет“, се вели во соопштението на Универзитетското студентско собрание.
Оттаму нагласуваат дека професорите не само што треба да бидат етички осудени, туку против нив треба да бидат покренати дисциплински постапки и истите да го загубат своето место во академската заедница.
📢 Во високото образование не смее да има простор за сексуално вознемирување!
Универзитетот мора да биде безбедна зона за…Posted by Универзитетско студентско собрание – УКИМ on Monday, February 1, 2021
Ваквата одлука на студентското собрание доаѓа откако минатата недела повторно се реактуелизираше тајната група „Јавна соба“ во која беа објавувани комромитирачки фотографии од девојки, но и малолетници.