Движењето „БЛМ“ е номинирано за Нобелова награда за мир

Движењето „Црните животи се важни“ е номинирано за овогодишната Нобелова награда за мир поради повикот кон системска промена што го обиколи светот.

Во своето соопштение, норвешкиот премиер Петер Ејде истакнал дека движењето допрело до држави надвор од САД и ги поттикнало да преземат мерки против расизмот во сопствените граници.

„Сметам дека едно од најважните предизвици кои ги видовме во САД, но истовремено во Европа и Азија, е растечкиот конфликт базиран на нееднаквост. „БЛМ“ стана важно светско движење во борбата против расната нееднаквост“, истакнал Ејде.

Ејде кој претходно номинираше и борци за граѓански права од Русија и Кина, изјавил дека импресивно за движењето „БЛМ“ е тоа што движењето успеало да мобилизира граѓани од сите општествени групи, не само афроамериканци, не само опресирани луѓе.

Движењето „Црните животи се важни“ беше коосновано во 2013 година од страна на Алисија Гарза, Патрис Кулорс и Опал Томети како одговор поради стрелањето на Трејвон Мартин. Движењето доби пошироко препознавање во 2014 година поради смртта на Мајкл Браун и Ерик Гарнер, а во 2020 година се случија протестите на глобално ниво поради смртта на Џорџ Флојд и Бреона Тејлор.

Сепак, норвешкиот премиер не сака номинацијата на движењето да биде протолкувана како коментар на внатрешните политики на САД. Тој ги отфрли критиките од десничарите кои потенцирале дека движењето е одговорно за многубројни насилства во американските градови.

„Истражувањата покажуваат дека демонстрациите организирани од движењето биле мирни. Се разбира дека имало насилство, но во поголемиот дел од случаите, тоа било разгорено од страна на полицијата или контрадемонстрантите“, изјавил тој.

Извор: Guardian