Индија ги укина услугите за мобилен интернет во три области околу главниот град Делхи, каде земјоделците штрајкуваат со глад во знак на протест против новите закони за земјоделство, јавува БиБиСи.
Владата соопшти дека исклучувањето на интернетот ќе продолжи до недела навечер поради „одржување на јавната безбедност“.
Десетици илјади земјоделци кои се дел од протестот кампуваат во периферијата на Делхи повеќе од еден месец. Разговорите меѓу синдикатите и владата не успеаја да го надминат проблемот.
Протестот се најде на насловните страници во вторникот кога имаше насилни судири во кои загина еден демонстрант, а десетици полицајци беа повредени. Во саботата, Министерството за внатрешни работи соопшти дека услугите за мобилен интернет се суспендирани во трите области каде што се собрале земјоделците. Лидерите на фармерите соопштија дека еднодневниот штрајк со глад беше закажан во саботата, за да се совпадне со годишнината од смртта на лидерот за независност Махатма Ганди.
„Движењето на земјоделците беше мирно и ќе биде мирно“, рече лидерот на синдикатот Даршан Пал.
Самите демонстранти луто реагираа на исклучувањето на интернетот, објави Ројтерс. Реагираат дека службитеб се обидуваат да „создадат паника“, како и дека тоа „ја убива демократијата“.
Со новите законите се олабавуваат правилата околу продажбата, цените и складирањето на земјоделските производи што ги штитат земјоделците во Индија од слободниот пазар со децении. Земјоделците стравуваат дека новите закони ќе ја ослабат нивната моќ за преговори, оставајќи ги ранливи на експлоатација од приватните компании.