Лајка: Надминати се недоразбирањата околу стафордот Пабло

ЈП „Лајка“, преку пост на социјалните мрежи соопштија дека биле надминати недоразбирањата околу стафордот Пабло, кој тие го објавува за вдомување под името Том, иако скоро цел месец неговите сопственици ги молеле да им го вратат.

„Лицата кои тврдеа дека кучето е нивен домашен миленик, беа повикани во нашето прифатилиште и сите недоразбирања се надминати“, напишаа од „Лајка“ споделувајќи и видео од средбата.

Јавноста дозна за случајот откако „Лајка“ го објави за вдомување младиот стафорд, заловен за Нова Година во Аеродром, откако исплашен од петардите им побегнал на сопствениците.  Но, за разлика од скоро сите кучиња во стационарот, сопствениците велат дека се обидувале да си го земат кучето од првиот ден кога влегло во „Лајка“. Речиси месец дена подоцна, стигнал одговор од „Лајка“ во вид на фактура од скоро 300 евра, за да си го подигнат кучето. Од здружението за заштита на животните Анима Мунди,  реагираа дека во стационарот незаконски е држено кучето и не им е враќано на сопствениците.

ЈП „Лајка“ вдомува куче кое има сопственици, но за ним да им го врати побарува 300 евра

Иако од стационарот најавија дека недоразбрањата се надминати, огласот за вдомување на стафордот и утрово стоеше на Фејбук профилот на јавното претпријатие.