Минатата година Кина извезла речиси 220 милијарди хируршки маски, соопшти тамошното Министерствто за трговија, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Овие податоци покажуваат дека во случајов се работи за речиси 40 маски по лице во светот. Кина исто така извезла и 2.3 милијарди заштитни одела и милијарда комплети за тестирање на вирусот.
„Кина даде значителен придонес во глобалната борба против пандемијата“, изјави пред новинарите, Кијан Кеминг, високо официјално лице.
Кина е една од ретките земји во светот што постигнаа раст во 2020 година, главно благодарение на производството на опрема против епидемијата на коронавирусот.
Досега во земјата од почетокот на епидемијата се регистрирани 89.378 случаи, додека бројот на починати лица е 4.636.