Компанијата „Вајнстин“ ќе исплати над 17 милиони долари како дел од казната, жените сакаат да ја продолжат правната битка

Судија од американскиот Суд за банкрот го одобри планот за замрзнување на сметките на компанијата „Вајнстин“, откако 17 милиони долари ќе бидат тргнати настрана за жените кои го обвинија Харви Вајнстин за сексуално насилство.

Судијката Мери Валрат, претседавајќи со сослушувањето од Вилмингтон, Делавер, ги поништи проговорите на мнозинството од жените кои сакаа да ги продолжат своите тужби надвор од Судот за банкрот.

Таа истакнала дека 83 отсто од обвиненијата за сексуално насилство многу јасно искажале дека сакаат завршница преку одобрување на планот, дека не бараат понатамошна литигација за да добијат некаква исплата, некоја можна компензација, иако е многу јасно дека парите никогаш нема да го покријат тоа.

Компанијата „Бајнстин“ ги продаде своите недвижнини на „Лантерн Ентертејмент“ што подоцна стана „Спајглас медиска групација“ за 289 милиони долари, откако прогласи банкрот во 2018 година. Банкротот следуваше откако се проширија обвинувања за сексуално насилство против основачот на компанијата, Харви Вајнстин, моментално отслужува 23 годишна казна затвор откако беше обвинет за сексуален напад врз поранешна продуцентка и за силување на актерка.

Осигурувањето допринело со 35 милиони долари, а оние кои ги поднеле обвиненијата ќе добијат скоро половина од сумата. Адвокатите на компанијата „Вајнстајн’ изјавиле дека секоја од жените можат да добијат шестоцифрени надоместоци.

Тие ќе треба да заборават на паричните надоместоци ако сакаат да продолжат со својата правна борба против Харви Вајнстин, поранешните офицери и директори во компанијата.

Групата на жени кои го обвинија Вајнстин сметаат дека изборот помеѓу целосна компензација или понатамошно судење за нивните обвинивања не е фер. Но адвокатите на компанијата и необезбедениот комитет на доверители, кој вклучува и жени кои поднеле обвиненија за сексуално насилство, изјавиле дека за планот клучна компонента се ослободувањата на поранешни директори и офицери.

Адвокатот на компанијата, Пол Зумбро од адвокатската компанија „Крават, Свејн и Мур“ за време на сослушувањето изјавил дека планот е одличен и прифатлив крај на ужасната приказна.

Извор: Guardian