Зборувањето може да го шири Ковид 19 исто како и кашлањето, покажува истражување

Зборувањето со пријател кој е заразен со коронавирус може да биде опасно исто како кашлањето благодарение на честичките што се исфрлаат, покажува истражување направено во Велика Британија, објави Гардијан.

Ковид 19 може да се шири на повеќе начини, вклучувајќи ги и капките што содржат вируси емитирани кога заразено лице дише, зборува или кашла – фактор според експертите може да помогне да објасни зошто ковид 19 се чини дека полесно се шири во затворени простории.

Додека големите капки паѓаат на земјата на кратки растојанија, малите капки познати како аеросоли можат да го носат вирусот на растојанија поголеми од два метра и да траат. Сега експертите развија модели за истражување на ризикот од големите капки и аеросолите и начините за нивно ублажување. Нивните резултати сугерираат дека се потребни само неколку секунди за исфрлените честички да поминат над два метра.

„Потребни ви се маски, потребно е дистанцирање и добра вентилација, така што овие честички не се собираат во затворен простор и безбедно се отстрануваат“, рече проф. Педро Магалхес де Оливеира, експерт за механика на флуиди на Универзитетот во Кембриџ и коавтор на студијата.

Пишувајќи во списанието „Зборник на кралското друштво А“, де Оливеира и неговите колеги објавија како изградиле модели кои ја земаат во предвид големината на капките што се испуштаат од заразените лица кога зборуваат или кашлаат, како и факторите, вклучувајќи го составот на капките и потребното време за да се спуштат.

Тимот, исто така, го разгледа ризикот од инфекција, земајќи го предвид вирусното оптоварување на лица со Ковид 19 и проценетата доза потребна за да се предизвика инфекција. Тимот заклучи дека е небезбедно да се стои без маска на два метра од заразено лице кое зборува или кашла, а двете ситуации претставуваат ризик од инфекција.

Тимот додава дека еден час откако заразено лице зборувало 30 секунди, вкупниот преостанат аеросол содржи многу повеќе вирусна маса отколку по една кашлица – додавајќи дека на мали простори, без вентилација, и ова може да биде доволно за да предизвика Ковид.

„Говорењето е многу важно прашање што треба да се разгледа бидејќи произведува многу пофини честички [од кашлање] и овие честички, или аеросоли, можат да бидат присутни повеќе од еден час во количини доволни за да се предизвика болеста“, рече Де Оливеира .

Но, дали луѓето би го фатиле Ковид, рече тој, зависи од тоа колку аеросол вдишуваат – врз што влијаат фактори, вклучително и дали се носат маски, дали ситуацијата е во затворено, нивоата на вентилација и растојанието помеѓу инволвираните луѓе.

Тимот ја искористи својата работа за да развие онлајн калкулатор, наречен „Airborne.cаm“, за корисниците да го истражуваат нивниот ризик да се заразат во затворени простории само преку ваквите честички.

Според оваа алатка, поминувањето еден час во продавница од 250м2 – за која се претпоставува дека има максимален капацитет од 50 лица и вентилација на исто ниво со канцелариите – резултира во тоа што едно лице има околу 8% проценети шанси да се зарази со коронавирус, под претпоставка дека има пет заразени лица во продавницата и никој не носи маска.

Доколку се подобри вентилацијата, така што воздухот се обновува пет пати на час, место три пати, овој ризик може да се намали на помалку од 2%; сличен пад може да се добие ако сите носат трислојни маски за лице.

Додека ризиците од инфекција се само теоретска проценка и не се специфични за новата варијанта на коронавирусот во Велика Британија, тимот рече дека оваа алатка може да им помогне на корисниците да ги истражуваат начините како да останат безбедни во различни сценарија.

„Идејата не е да се добијат апсолутни бројки за ризик со алатката, туку да се искористи за да се види како стратегиите за ублажување влијаат на ризикот од инфекција. Може да се искористи за рангирање на овие стратегии, на пример “, рече Де Оливеира.