Достапна за коментари Нацрт одлуката за прогласување на дел од Водно за заштитен предел

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека е достапна на увид и за коментари Нацрт одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје од категорија 5 – заштитен предел.

„Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје“, известуваат од МЖСПП.

Предлог актот е достапен за увид и коментирање на веб страницата на Министерството и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР), а јавна расправа по предлог актот ќе се одржи помеѓу 1 и 5 февруари оваа година, за што од Министерството велат дека ќе има дополнителна најава.

Сите заинтересирани, своите мислења, забелешки и сугестии можат да ги достават на мејл адресата: infoeko@moepp.gov.mk.

Нацрт одлуката може да ја најдете на следниов ЛИНК.