Клучот од занданата во која Наполеон Бонапарта починал додека бил во заробеништво на британскиот остров Света Елена беше продаден на аукција во Лондон за 81.900 фунти, односно, 92.000 евра, соопшти аукциската куќа „Сотби“, пренесува „Данас“.
Клучот беше продаден за многу повеќе пари отколку првичната проценка од околу 5.000 фунти или 5.500 евра.
Аукциската куќа „Сотби“ пред продажбата објави дека клучот е пронајден во кутија во куќа во Шкотска. Сопствениците изјавиле дека знаеле дека го имаат клучот, но дека не знаат каде точно се наоѓа.
Војникот Чарлс Ричард Форд кој бил на островот Света Елена по смртта на францускиот император во 1821 година, го зел клучот за да го поклони на неговата мајка, голема обожавателка на Наполеон, која му испраќала слатки и книги на императорот за време на неговото заробеништво.