Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 918 тестирања, а регистрирани се 104 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-13, Тетово-3, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-6, Виница-3, Свети Николе-1, Неготино-2.
Починати се 13 лица, четири пациенти од Скопје (78, 66, 71 и 68г), четири од Прилеп (80, 57, 80 и 50г), еден пациент од Велес (74г), еден од Охрид (67г), еден од Кавадарци (62г), еден од Пробиштип (72г) и еден пациент од Неготино (78г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 539 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86597, бројката на оздравени пациенти е 67992, на починати е 2635, а бројот на активни случаи изнесува 15970. Најмногу активни случаи има во Скопје 9794, Тетово 693, Кавадарци 478 и Куманово 466.
Направените 918 теста се преку: ИЈЗ-168, ЦЈЗ Скопје-83, Авицена-0, Биотек-94, МАНУ -72, Жан Митрев (Филип Втори)-208, Систина со PCR метода -243, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -49, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 418.130 тестирања на Ковид -19.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 442 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 58, во ковид центарот во Гостивар 13, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 42 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 12, Кавадарци 23, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот. Од Министерството за здравство укажуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 797 и има околу 518 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во Скопје пак вкупно 355 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 21 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 19 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 120 слободни места.