Бурата Филомена прекри делови од Шпанија со обилен снег, а во половина од Шпанија е прогласена т.н. „црвена тревога“.
Во Мадрид, еден од најзафатените делови, се очекува и до 20 сантиметри снег во наредните 24 часови. Аеродромот е затворен заедно со повеќе патишта, пренесува Би-Би-Си.
Од синоќа, голем број возила се заглавени на автопат во близина на главниот град, па на помош дојдоа пожарникарите, а во некои места и војската. Властите апелираа да се избегнуваат несуштински патувања.

Фото: Ројтерс
Според локалните медиуми, ова се најголемите снегови во последните 40 години. Државната метеоролошка агенција потенцираше дека снежните врнежи се „историски“.
Повеќе луѓе сепак излегоа да ја почувствуваат снежната глетка, шетајќи се низ мадридскиот плоштад Пуерта дел Сол.
Големите паркиво во Мадрид оттогаш се затворени како мерка за претпазливост, пренесува агенцијата АФП.

Фото: ЕФА
Човек бил сликан како скија покрај Гран Виа, познатата улица во главниот град, кој обично е преполн со туристи и купувачи.
Студеното време се очекува да продолжи и во текот на викендот, а температурите во Мадрид се предвидува да достигнат и до -12 степени во четврток.