11 починати и 100 новозаразени од ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 11 лица, односно тројца пациенти од Скопје на 67, 72 и 67 годишна возраст, еден од Тетово на 68 години, еден од Гостивар 78 години, еден од Крива Паланка 84 години, еден пациент од Кочани 41 година, еден од Демир Хисар 72 години, еден од Македонски Брод на 78 години и двајца пациенти од Делчево 80 и 60 годишна возраст.

Од нив еден пациент е починат надвор од болнички услови, додека останатите починале во болнички услови.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 100 нови случаи на ковид-19 и тоа 47 во Скопје, 12 во Дебар, 10 во Тетово, 8 во Кавадарци, по 4 во Прилеп и Охрид, по 3 во Куманово, Велес и Гостивар, 2 во Кочани, а по еден нов случај е регистриран во градовите Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кичево.

Институтот за јавно здравје регистрирал 551 оздравени пациенти и тоа 314 од Скопје, Куманово-10, Штип-14, Прилеп-27, Тетово-16, Струга-8, Велес-16, Битола-26, Охрид-16, Кавадарци-13, Гостивар-13, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Крушево -11, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-5, Ресен-7 и Неготино-3.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85594, бројката на оздравени пациенти е 66760, на починати е 2592, а бројот на активни случаи изнесува 16242.“, посочуваат од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 411.804 тестирања на Ковид -19, а во изминатото деноноќие направени се 764 тестирања.