Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) за празниците Бадник и Божиќ, односно, во вторник на 6 јануари и во четврток на 7 јануари ќе сообраќаат по неделен возен ред, информираа оттаму.
Во среда, како што додаваат оттаму, дежурни ќе бидат билетарниците на „Зелен пазар“ и Транспортен центар, со работно време од 7 до 19 часот, додека од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.
Истовремено, од ЈСП посочуваат дека во четврток, на Божиќ, билетарниците нема да работат.
📢НА БАДНИК И БОЖИЌ, АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД🚌
❗Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме…Posted by JSP Skopje (ЈСП Скопје) on Tuesday, January 5, 2021