Д-р Жарко Караџовски е позитивен на Ковид-19

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски е позитивен на вирусот Ковид 19, соопшти Министерството за здравство.

,,Тој останува дома во изолација,  се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга”, вела од министерството.

Според епидемиолошката анкета, д-р Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство,  колеги од ИЈЗ, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.

Претходно, од министерството информираа дека во изминатите 24 часа се регистрирани 237 нови случаи на Ковид 19, 8 лица починале, а оздравени се 460 пациенти.