Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во изминатото деноноќие, од Ковид-19 починале 15 лица, односно, четири пациенти од Скопје на 47, 58, 81 и 56 години, еден од Куманово на 35 години, двајца од Струга на 75 и 64 години, еден од Велес на 70 години и двајца од Битола на 70 и 56 години.
Потоа, од Ковид-19 починал еден од Охрид на 80 години, еден од Кавадарци на 73 години, еден од Богданци на 63 години, еден од Крива Паланка на 65 години и еден пациент од Неготино на 67 години. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се потврдени 493 нови случаи, односно, регистрирани се 210 случаи во Скопје, 34 во Велес, 32 во Кавадарци, 28 во Куманово, 24 во Охрид, по 17 во Гевгелија и Струмица, 15 во Битола, по 14 во Штип и Прилеп, десет во Гостивар и случаи се регистрирани во Кичево.
Потоа, осум случаи на Ковид-19 се регистрирани во Неготино, по седум во Тетово и Радовиш, по шест во Струга, Крива Паланка и Берово, по пет во Кочани, Пехчево, Валандово и Ресен, три во Пробиштип, два во Свети Николе и по еден случај е регистриран во Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар и Виница.
Институтот за јавно здравје регистрирал 450 оздравени пациенти, односно, од Скопје-154, Дебар-15, Штип-32, Прилеп-32, Тетово-18, Струга-16, Велес-27, Битола-34, Кавадарци-23, Гостивар-17, Гевгелија-11, Струмица-14, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-1, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Валандово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-8, Ресен-1 и од Неготино-19.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82794, бројката на оздравени пациенти е 60706, на починати е 2488, а бројот на активни случаи изнесува 19600“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 399.163 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.366 тестови.