Црвениот крст на Република Северна Македонија ја отвори телефонската линија 143-400 за заинтересираните граѓани кои сакаат да донираат за помош на настраданото население во Република Хрватска. Со еден повик на телефонските броеви на „Македонски Телеком“ – 070/143-400 и 075/143-400 за корисниците на мобилниот оператор „А1 Македонија“ може да се донираат 100 денари, информираат оттаму.
Од Црвениот крст посочуваат дека упатиле и телеграма со сочувство, но и оствариле контакт со хрватскиот Црвен крст за проценката на состојбите и обезбедување на хуманитарна помош за погоденото население од катастрофата.
„Црвениот крст на Република Северна Македонија ги понуди специјализираните тимови за одговор и дејствување при катастрофи, материјална помош од стоковите резерви на организацијата како и финансиска помош за погоденото население“, се посочува во нивното соопштение.
Освен донирање средства преку телефонската линија, заинтересираните лица може да донираат и прерку жиро сметката на Фондот за Солидарност на Црвен крст на РСМ:
Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Северна Македонија
Жиро сметка: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална Банка
Истовремено, граѓани од други земји може да донираат на следниот начин:
Name of the organization: Red Cross of the Republic of North Macedonia
Bank name: Komercijalna Banka AD Skopje
Bank address: ul. Orce Nikolov no.3, 1000 Skopje, North Macedonia
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban code: MK07300701000001228
Хрватските медиуми денеска пренесуваат дека во вчерашниот земјотрес кој според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар беше со јачина од 6.4 степени по Рихтер, загинале најмалку седум лица.