296 новозаболени од Ковид-19 и 18 починати изминативе 24 часа

Министерството за здравство информираше дека последново деноноќие регистрирани се 296 нови случаи на Ковид-19 од 1.253 тестрања.

Новите случаи според градови се регистрирани во: Скопје-90, Куманово-19, Дебар-9, Штип-13, Прилеп-23, Тетово-14, Струга-9, Велес-16, Битола-9, Охрид-15, Кавадарци-12, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир , Хисар-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-9, Неготино-9.

Изминатово деноноќие од вирусот починале 18 лица. Двајца пациенти од Скопје (59 и 54г), тројца од Штип (49, 82 и 68г), еден пациент од Прилеп (81г), еден од Тетово (64г), еден од Струга (65г), еден од Велес (65г), еден од Битола (61г), еден од Охрид (84г), еден од Кавадарци (75г), двајца пациенти од Гостивар (73 и 52г), еден од Струмица (57г), еден од Крива Паланка (75г) и двајца пациенти од Кичево (82 и 68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 511 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 81.721, бројката на оздравени пациенти е 59.231, на починати е 2.445, а бројот на активни случаи изнесува 20.045.

Направените 1.253 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-34,  Авицена-199, Биотек-118, МАНУ -111,  Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -14, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -47, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0.

Досега во С. Македонија се направени вкупно 393.629 тестирања на Ковид -19.