Велика Британија и Европската унија постигнаа договор за „Брегзит“

Историскиот договор за иднината на трговијата на Велика Британија, како и за нејзината безбедносна врска со Европската Унија беше усвоен една недела пред крајот на транзицискиот период, постигнувајќи победнички восклик на улицата „Даунинг“, но и тажна рефлексија во Брисел.

Додека земјата го напушта заедничкиот пазар и граничен синдикат на 31 декемри, новите договори дозволуваат размена на стоки без тарифи и блиска полициска и правна соработка.

Соопштението беше проследено со финален повик помеѓу Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во петти телеконференциски повик во последните 24 часа.

Трговскиот договор од 2,000 страници, содржи разгледување на најразлични теми од граѓанска нуклеарна соработка до енергентски врски, рибарство и авијација.

Портпарол од Даунинг изјавил дека договорот е постигнат, па така британската јавност добива се’ што и било ветено за време на референдумот од 2016 година и минатогодишните избори.

„Си ја вративме контролата врз нашите пари, граници, закони, трговија и води. Договорот е одлична вест за семејствата и бизнисите во цела Британија. Го потпишавме првиот слободен трговски договор кој е базиран на 0 тарифи кој некогаш бил постигнат“, додал тој.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, „твитнал“ фотографија со две палчиња нагоре.

Фон дер Лејен била порефлективна во своите коментари за време на пресот, давајќи референци кон Шекспир, „Битлси“ и поетот Т.С. Елиот.

„Ова беше долг и несигурен пат, но постигнавме добар договор. Тој е фер и балансиран. Ова е вистинската и одговорна работа и за двете страни. При крајот на преговорите чувствувам задоволство. Но денес, чувствувам тивко задоволство и искрено, олеснување. Знам дека ова е тежок ден за некои, а за моите пријатели во Велика Британија сакам да истакнам дека ова е слатка болка, па ќе искористам стих од Т. С. Елиот – она што често го сметаме за почеток, најчесто е краj. А кога ставаме точка, тоа наjчесто е почеток. Па така, мислам дека е време да го оставиме „Брегзит“ зад нас“, изјавила таа.

Постигнатиот договор гарантира нулта тарифа и нулта квота за размена на стоки во вредност од 668 милиарди фунти во 2019 година.

Но договорот истовремено носи и значителни трошоци за извозните бизниси кои од 1 јануари ќе бидат пречекувани на границите, а слободата на движење во ЕУ ќе биде прекината за најголем дел од британските граѓани.

Британскиот портпарол додал дека Британија ќе има целосна политичка и економска независност од 1 јануари 2021 година. Британските граѓани ќе го изгубат правото на слободно движење во ЕУ зоната, но британските граници ќе имаат комплетна контрола за тоа кој влегува во државата.

„Ние го усвоивме овој одличен договор за Велика Британија во рекордно време и под неверојатно комплицирани услови, но тој го штити интегритетот на нашиот внатрешен пазар и местото на Северна Ирска во него. Откако завршивме со „Брегзит“, можеме да уживаме во фантастичните можности кои сега ни се достапни како независна трговска нација“, додал тој.

Премиерот Џонсон истакнал дека договорот го штити суверенитетот на двете страни.

Крајот на транзицискиот период ќе донесе големи промени за британските бизниси и граѓани и ќе отвори ново поглавје во државната врска со соседите.

Бизнисите ќе се соочаат со пообемна документација и трошоци кога ќе тргуваат. Слободата на движење за сите британски граѓани ќе биде стопирана, а ќе бидат воведени и ограничувања за подолг престој во земјите членки на ЕУ.

Со тоа што Британија излегува од ЕУ, ќе бидат воведени и дополнителни ковид забрани за патување од 1 јануари, а Британија повеќе нема да учествува и во образовната програма за размена „Еразмус“.

Извор: Guardian