Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа се потврдени 627 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 250 случаи во Скопје, 36 во Куманово, 35 во Прилеп, 31 во Кавадарци, 24 во Гостивар, по 25 во Велес и Битола, 23 во Струмица, по 21 во Тетово и Охрид, 20 во Кочани, 14 во Неготино и 13 случаи се регистрирани во Берово.
Потоа, по 12 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Штип и Гевгелија, по осум во Дебар и Крива Паланка, по седум во Пробиштип и Кичево, по шест во Струга, Валандово и Свети Николе, пет во Делчево, по четири во Радовиш и Ресен, два во Демир Хисар и по еден случај е регистриран во Пехчево и Кратово.
Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале уште 14 лица, односно, четири пациенти од Скопје на 82, 73, 67 и 58 години, еден од Куманово на 52 години, четири од Прилеп на 82, 66, 78 и 71 година, еден од Струга на 84 години, еден од Битола на 74 години, еден од Охрид на 59 години, еден од Кавадарци на 56 години и еден пациент на 80-годишна возраст од Гевгелија. Од нив, двајца пациенти се починати вон, додека останатите се починати во болнички услови.
Институтот за јавно здравје регистрирал 644 оздравени пациенти, односно, од Скопје-241, Куманово-33, Штип-25, Прилеп-66, Тетово-26, Струга-44, Велес-12, Битола-29, Охрид-51, Кавадарци-2, Гостивар-37, Гевгелија-8, Струмица-11, Крива Паланка-11, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-2, Берово-5, Виница-1, Кратово-3, Свети Николе-5, Кичево-8, Ресен-6 и од Неготино-1.
„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79815, бројката на оздравени пациенти е 56743, на починати е 2354, а бројот на активни случаи изнесува 20718. Од вчера се регистрираат два контролни теста“, стои во соопштението на МЗ.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 34417, активни 11660
• Куманово 4547, активни 567
• Дебар 598, активни 122
• Штип 3226, активни 345
• Прилеп 4027, активни 730
• Тетово 4652, активни 951
• Струга 1937, активни 348
• Велес 2655, активни 557
• Битола 2913, активни 677
• Охрид 2266, активни 573
• Кавадарци 1960, активни 569
• Гостивар 3287, активни 632
• Гевгелија 1089, активни 304 (73 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 185 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2207, активни 637
• Крива Паланка 577, активни 114
• Радовиш 587, активни 125
• Крушево 155, активни 66
• Кочани 1555, активни 264
• Пробиштип 436, активни 51
• Демир Хисар 229, активни 40
• Македонски Брод 208, активни 33
• Пехчево 132, активни 16
• Берово 483, активни 77
• Валандово 288, активни 63
• Виница 432, активни 66
• Делчево 656, активни 224 (181 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 186, активни 23
• Свети Николе 1022, активни 137
• Кичево 1533, активни 267
• Ресен 606, активни 136
• Неготино 949, активни 344 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјава се направени вкупно 386.279 тестирања на Ковид-19, додека во изминатото деноноќие се направени 2.510 тестови.