Можноста за зголемување на руската интернет „независност“ втерува страв од воведување на контрола како во Кина.
Русија може да го забрани пристапот до американските социјални медиуми доколку тие ги „дискриминираат“ руските медиуми и да воведе „дебели“ казни за платформите кои нема да ја избришат забранената содржина според усвоените предлог закони.
Авторите на предлог законите изјавиле дека реакциите на „Јутјуб“ и „Фејсбук“ покажале потреба од оваа легислатива, која е дел од напорот на Русија за зголемување на својата интернет „независност“.
Првиот предлог закон ќе дозволи Русија да ги забрани или целосно да ги блокира платформите бидејќи државните медиуми истакнале дека нивните профили се таргетирани со предрасуди од страна на „Твитер“, „Фејсбук“ и „Јутјуб“.
„Твитер“ започна да ги обележува профилите на неколку руски медиумски куќи со опис дека тие се поврзани со државата, а обележани биле и профилите на вработените и на неколку членови на парламентот.
Вториот предлог закон ќе дозволи Русија да ги казнува интернет провајдерите и сајтовите доколку тие не ја тргнат забранетата содржина од нивните платформи.
Максималната казна може да стигне и до 79.000 фунти доколку сајтовите за прв пат одбијат да ја избришат содржината што повикува на екстремистички активности, информации за рекреативни дроги и содржини со злоупотреба на деца.
Авторите на предлог законите истакнале дека „Јутјуб“, „Твитер“, „Фејсбук“ и „Инстаграм“ не ги остраниле илјадниците страни кои содржат некаков вид на забранета содржина според рускиот закон.
Двата предлог закони се очекуваат да бидат усвоени, иако тие се’ уште треба да бидат изгласани од Горниот дом и потпишани од претседателот, Владимир Путин.
Сајтовите како „Јутјуб“ станаа витално важни за критичарите на Кремлин, кои велат дека тие се ефективно забранети од државната телевизија која се емитува низ 11 временски зони на Русија.
Извор: Guardian