Декриминализација или легализација на канабисот? Кој модел е најсоодветен за Македонија? Кои се позитивните искуства од земјите како Португалија и Холандија, кои поодамна го имаат усвоено моделот на декриминализација и успешно го применуваат? Зошто на пример, е намален бројот на лица кои употребуваат опијати во овие земји, намалена е смртноста на лицата кои употребуваат дроги или пак инциденцата на #ХИВ и #хепатит? Кои се придобивките од здравствен аспект на овие модели?
На овие и уште неколку други прашања ќе се разговара на денешната онлајн дискусија во организација на ХОПС. со почеток во 18:30 часот на следниот ЛИНК.
Во неа ќе учествуваат д-р. Нико Беќаровски Клиника за токсикологија, Огнен Узуновски – Операција ослободување и Влатко Деков од ХОПС – Опции за здрав живот.
Онлајн разговорот се одржува во рамките на Проектот: „Пристап до правда за најмаргинализираните“, кој го спроведуваат Фондацијата отворено општество – Македонија, ХОПС и Здружение за правна едукација и транспарентност – Станица ПЕТ, финансиски поддржан од Европската Унија.