Според ново истражување, Мексико е најсмртоносната земја за новинари

Девет новинари биле убиени во 2020, со што вкупниот број од 2000 година е 120 загинати лица.

Мексико е најсмртоносната земја за медиумите во 2020, а од Комитетот за заштита на новинарите кој ги истражува глобалните напади врз медиумите, соопштуваат дека токму во Мексико се водат една третина од случаите.

Девет новинари биле убиени во Мексико во 2020 година, а минатиот месец во период од 10 дена биле убиени 10 новинари.

Според овие бројки, мексиканските новинари поверојатно е за загинат отколку оние новинари кои известуваат за војни.

„Мексико поминува низ повеќеслојна криза кога станува збор за медиумска слобода. Ситуацијата полека станува се’ полоша, но таа кулминираше годинава. Кризата е голема поради неказнивоста“, вели Џен Алберт Хутсен, мексиканскиот претставник од Комитетот.

Засега, 80 отсто од новинарските убиства се нерешени.

Мексико долго време е најопасното место за новинари, надвор од воените зони. Најчесто, цел се новинари кои истражуваат за организиран криминал и корупција.

Активистите за медиумска слобода се надевале дека ситуацијата ќе се подобри по претседателские избори каде победник бил Андре Мануел Лопез Обрадор, кој ветил дека ќе работи на спречување на насилството врз новинарите и ќе ја сопре неказнивоста.

Но наспротив, нападите се зголемиле при растот на јавнoто непријателство кон медиумите од страна на претседателот, кој ги користи секојдневните пресови за напади врз независни новинари и активисти.

Властите  ја намалиле заштитaта на новинарите под ризик и ги скратиле буџетите за истражувања. Двајца од загинатите новинари оваа година биле под програма за заштита откако добиле закани по живот поврзани со нивната работа.

И двата случаи, новинарите имале обезбедување кое исто така загинало во нападите.

Претходно месецов, 25 интернационални медиумски организации, вклучувајќи го и „Гардијан“, објавиле серијали за убивањата на новинарите кои ги истражувале врските помеѓу организираниот криминал и властите во Мексико.

„Криминалните групи често соработуваат со локалните власти што доведува новинарите не само да се мета, туку и  да не добиваат помош од власта која треба да ги заштити. Власта направи многу малку за да се спречи насилството. Резултат е неказнивоста за голем дел од убиствата, што предизвикува разгорување на омразата и повеќе напади врз новинарите“, додал Хутсен.

Новото истражување јасно докажува дека медиумската слобода е нападната од криминални групи и политичари на власт.

Глобално, најмалку 30 новинари биле убиени помеѓу јануари и средината на декември во 2020 година. Од нив, 21 лица биле мета поради нивната работа, бројка што е два пати поголема од онаа во 2019 година.

По Мексико, Авганистан и Филипините се земји кои имаат најмногу убиства на новинари.

 

Извор: Guardian