Комисијата за студентски дискусии на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет при УКИМ во среда (23 декември) организира онлајн студентска дискусија на тема: Слобода на говор и говор на омраза.
Дискусијата ќе започне од 18 часот а говорници ќе бидат професорката Елена Михајлова Стратилати од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Александар Јовановски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Заинтересираните за учество во дискусијата треба да се пријават на следниов ЛИНК, по што на нивните мејл адреси ќе добијат линк за вклучувањето на „Zoom“.