Швајцарскиот парламент одобри истополови бракови – христијанска партија најави референдум по прашањето

Швајцарскиот парламент усвои закон со кој се овозможува склопување на истополови бракови, неколку години откако тоа го дозволија другите западноевропски земји, пренесува „Н1“. Сепак, граѓаните на Швајцарија го имаат последниот збор, затоа што Сојузната демократска унија (УДФ), мала партија која ги брани христијанските вредности веќе најави дека ќе организира референдум по прашањето.

Легислативата беше усвоена од двата дома на парламентот, по неколку години од почетокот на процедурата, а првичниот нацрт беше доставен во 2013 година од Зелената либерална партија.

Усвоениот текст им овозможува склопување на бракови на хомосексуалците и лезбејките, додека лезбејките сега ќе можат да земат сперма од донори, што претставуваше една од најконтроверзните точки.

Досега хомосексуалните парови можеа да склучат „регистрирани партнерства“ кои не им го даваа истите права како кога би биле во брак.

„Ова е историска победа за правата на ЛГБТИ заедницата“, напиша на Твитер организацијата „Амнести Интернешл Швајцарија“.

https://twitter.com/Amnesty_Suisse/status/1339861296557289473