Размислувања на средношколците – про и контра матура

Се наоѓаме среде пандемија во која голем дел од граѓаните се вратени на својата рутина, но под придружба на протоколите за ковид -19. Но, дел од луѓето работат од дома, како што се професори, но и учениците што ги следат предавањата од нивните домови. Во времево на пандемија, среде најави за протести и бојкот на настава поради со барање за укинување на полагањето матура во време на пандемија, Радио МОФ го побара мислењето на неколку средношколци за дали треба или не треба да се одржи полагањето матура оваа година.

Ова се нивните размислувања:

Игор Грујовски – гимназија „Кочо Рацин“ , Велес

Мое лично мислење, а сметам дека и на поголемиот дел од матурантите оваа година е дека нема услови за полагање на државна матура. Се наоѓаме во време на пандемија и нашиот извор на образование е ограничен, онлајн наставата не е ефикасна и има премногу недостатоци кои не можат да го заменат традиционалното физичко следење на настава. Премногу материјал изгубивме од трета година кога сами учевме дома и единствен начин на образование ни беше google classroom. Затоа сметам дека оваа година не треба да се полага матура бидејќи и мотиацијата и знаењето кое ни го пренесуваат професорите е на најниско ниво.

Кети Лазовска – гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ , Тетово.

Мое мислење е матура годинава сепак да се прескокне, како прво е неправедно за нас како матуранти што скоро една година сме со онлајн настава и како таква не е доволна за нас учениците да бидеме спремни за да полагаме матура. Како второ треба да се запази и фактот што генерацијата матуранти 2019/2020 кои имаа онлајн настава само неколку месеци немаа матура, и спрема нашата генерација тоа е не фер. И, како најбитно во моментов, се наоѓам во ситуација со вирусов да ми е дома, и од моја гледна точка како матурант што е во близина на вирусот, приоритет ми се други обрски, а не матура.

Стела Петрова – гимназија „Георги Димитров“, Скопје

Па според мене оваа година треба да се полага матура затоа што сметам дека полека целиот образовен систем треба да се врати во нормала и да се продолжи од таму каде што застана се. Матурата е подобра и полесна варијанта одколку приемниот испит, посебно за ученици кои планираат да студираат во странство. Мислам дека со целиот хаос околу уписите најмалку што треба е и дополнителен стрес за приемен испит. Матурата веќе ни е позната и мислам дека стресот на учениците ќе биде многу помал кога треба да полагаат испит во позната средина, меѓу познати луѓе и се целосно информирани за процесот.

Емилија Здравковска – „Васил Антевски-Дрен “, -Скопје

Според мене не треба да се полага државна матура поради тоа во какви услови се наоѓаме. Мислам дека имаме премногу материјал кој што не е е предаден, а е потребен за државната матура. Не секој има услови да ги следи часовите и има голем број на пречки со кои се соочуваме во текот на наставата. Треба малку и да погледнеме на тоа кој импакт го има над нас оваа ситуација,и како влијае врз нашето психолошко здравје, кој е спремен психички да ги издржи тегобите кои ќе ни ги донесе матурата. А и која е поентата на не одење во училиште, за да отидеме во еден ден толку голем број на ученици и да си го ризикуваме нашето здравје и живот, а воедно и здравјето и животот на нашите најблиски.

Државната матура можеби е добра за да го покажеме нашето знаење, но според условите во кои што се наоѓаме мислам дека државната матура не треба да се полага. Искрено минатата генерација не полагаа државна матура а бројот на заболени беше драстично помал и исто такаа тие имаа помал дел изгубен од наставата., па според мене поради овие причини не треба да се полага државна матура.

Тијана Бебекоска,- „Др. Ибрахим Темо“ – Струга.

Сметам дека треба да се полага државна матура, поради тоа што сите ние имаме корист од добиените поени на истата. За мене тоа има големо значење, бидејќи доста ученици минатава година го продолжија образованието на доста високи факултети, сметам дека е поправедно да се полага државна матура. Државната матура, освен тоа што е завршен дел на средното образование, истата служи и за овозможување на кандидатите влез на високото образование.

Тома Чкатроски- „Мирче Ацев “, Прилеп

Оваа година посебно во нашата држава не треба да се полага матура! Има безброј причини кои се смешни доколку ние ги искажеме а вие да не ги знаете, прво присуството на онлајн наставата не е право, туку привилегија. Знам деца кој се пријавија дека не можат да учествуваат на наставата и ништо не се презеде за нив, и да е 1 дете кое е обесправено, матурата треба да се откаже поради не фер услови. Второ материјалот кој го намаливте, професорите во тоа што го предаваат е намалено за уште 50% , се со цел да можат да го допредадат, бидејќи толку е часот 35 минути и тие не се криви, и тој материјал кој нема да го предадат нормално вие ќе го имате на матурата.

Како предлог да се реши ова, е оваа година да воведете приемен испит со кој ПРВО големи се шансите короната да е дотогаш помината, второ матурата ќе биде невалидна со тоа што професорите ќе помагаат на децата разбирајќи ги нашите проблеми, и трето редно е да се воведе матура, со тоа што ќе се смират сите бидејќи нема матура, а ќе им биде на сите подеднакво даден материјал за полагање на приемен испит каде што сакаат да се упатат.

Васил Ханџиски – „Никола Карев“, Скопје.

Мојот став е дека оваа година треба да се полага државната матура. Мојот став го базирам на следните нешта. Како прво државната матура е документ кој е признаен во нашата земја и во странство. Со укинување на матурата на нашите ученици кои сакаат да одат во странство им е отежнат патот. Друго нешто што е важно дека нашите факултети се автономни институции и МОН не може да гарантира дека ако се укине матурата нема да се полагаат приемни испити. За крај би додал дека може да се предложат реформи во матурата за да се приспособи на моменталната ситуација. За мене полагањето на матура би значело примарно добра припрема за факултет, а секундарно полесен пат до студирање во странство.

Марија Филиповска –„Јахја Кемал“ , Скопје

Имам две гледишта кон полагање на државна матура. Aко би сакала да ги бранам личните интереси, јас сакам да полагам државна матура. Бидејќи повеќето од универзитетите во кои што сум заинтересирана што се надвор од Македонија бараат резултати од државна матура. Но сепак тука постои и гледиштето што не се вклопува во мојот интерес и тоа се протестите против полагање на матура. Според мене Јахја Кемал бидејќи не е државно училиште не може да направи толкав притисок за да се изврши вистинска промена. Бидејќи најголемиот дел од луѓето што полагаат матура се од државни училишта јас сметам дека тие се соодветната група што може да поттикнат најголема промена и да ја носат таа иницијатива.

Ако иницијативата сака да ги опфати сите интереси, не само своите ќе гледа да го донесе рамнодушното и коректно решение, што според мене е да се има избор за дали ученикот сака да полага државна матура. И ако дојде до ученикот да не полага матура, да е задолжен.

Мартина Поповска, волонтерка во Радио МОФ