Лидерите на ЕУ ветија намалување за 55% на емисиите на стакленичките гасови до 2030

Првите луѓе на 27-те земји членки на Европската Унија постигнаа договор за намалување на штетните емисии на стакленички гасови за најмалку 55% до 2030 година по преговорите на самиот кој се одржува во Брисел.

Оваа одлука е промена на постоечката цел за намалување на најмалку 40% од стакленичките емисии до крајот на декадата.

„Европа е лидер во борбата против климатските промени“, напиша на Твитер денеска претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Претседателката, пак, на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен го поздрави договорот додавајќи дека тоа е „одличен начин за прославување на првата годишнина од Зелениот договор на ЕУ“.

„Намалување на емисиите за најмалку 55% од нивоата во 1990-та ќе ја стави ЕУ на чист пат кон климатска неутралност во 2050 година.

Новиот договор доаѓа и еден ден пред петгодишнината на Парискиот климатски договор кој викендов беше одбележан со виртуелен Самит на климатски амбиции, кој заеднички го организираа Обединетите Нации, Велика Британија и Франција.

Сепак еко активистите велат дека и овој договор не е доволен и дека за справување со климатските проблеми се потребни драстични промени.

Европарламентарците во октомври повикаа на намалување на емисиите најмалку 60%, додека Гринпис повикуваше на намалување од цели 65%.

„Важно е да не бидеме прелажани мислејќи дека нето-целта од 55 проценти е доволна. Имам силен мандат од избраните претставници во Европскиот Парламент да се борам за поголема климатска амбиција. Имам намера да го правам тоа кога ќе се сретнеме и преговаравме“, напиша на Твитер европратеничката Јуте Гутеланд, која е известувач за климатските закони на ЕУ.

Европската Унија вчера конечно го усвои и буџетот вреден 1,8 билиони евра, кој Фон Дер Лајен рече дека ќе создаде „поотпорна, зелена и дигитална ЕУ“.