Напуштениот простор во Кисела Вода, меѓу улицата „Лазар Димитров“ и железничката пруга, зад бараките во населбата 11 Октомври, од денес официјално нов зелен парк.
Има површина од околу 16.000 квадратни метри, на кој се засадени околу 200 дрвја кои како што велат од Град Скопје, напролет ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.
„Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на него се создаваа поголем број депонии со шут и отпад. На почетокот на годинава, екипите на Град Скопје го расчистија просторот, го израмнија теренот и засадија нова трева, а есенва се подигнати нови квалитетни дрвореди“, велат од Град Скопје.
Оттаму информираат дека есенското раззеленување ќе продолжи на голем број локации во сите скопски општини.