Компаниите одговорија на истражувањето кое пронајде видеа од силување и одмазничка порнографија.
„Мастеркард“ и „Виза“ вчера соопштија дека ќе ги блокираат плаќањата на корисниците кои ги употребуваат своите картички за да откупат содржини од „Порнхаб“ откако платформата беше обвинета за прикажување на детско злоупотребувања и силувања.
Ваквите реакции се базирани врз истрагата на колумнистот Николас Кристоф од „Њујорк Тајм“ кој исто така објави дека „Порнхаб“ презентира одмаздувачка порнографија и видеа снимени без согласност од учесниците. „Порнхаб“ ги отфрли обвиненијата.
„Мастеркард“ соопшти дека ќе ја прекине употребата на свои картички за „Порнхаб“ откако преку свое истражување, компанијата откри и кршење на правилата кои спречуваат објавување на нелегална содржива на сајтот. Од „Мастеркард“ дополнуваат дека ги истражуваат и другите сајтови за порнографска содржина барајќи нелегални објави.
Од „Виза“ изјавиле дека ја суспендираат употребата на своите картички на „Порнхаб“ иако истражувањето уште не е комплетирано.
Во свое соопштение, „Порнхаб“ ги нарече ваквите одлуки „длабоко разочарувачки“. Пред два дена, компанијата објави чекори за заштита против слики од злоупотреба, несогласни активности и малолетни модели на сајтот, мерки кои вклучуваа и спречување на непроверените корисници да објавуваат содржини.
„Овие вести се тажни за стотици илјади модели кои заработуваат за живот од платформата“, изјавиле од „Порнхаб“.
Компанијата дополнила дека оваа година имала над 42 милијарди посети повеќе од минатата година.
Дијан Хокинс, заменик претседателката и извршниот директор на Националниот центар за сексуална експлоатација изјавила дека нејзината организација се состанала со „Мастеркард“ и „Виза“ претходно годинава, при што било побарано тие да ги стопираат плаќањата кон „Порнхаб“ и додала дека е среќна што двете компании ќе ја воведат оваа мерка.
Извор: Guardian