Убиените куни од Данска можно е да ги загадиле подземните води

Нордиската земја уби 15 милиони куни откако кај нив откри мутирана верзија од коронавирусот.

Властите стравуваат дека куните кои беа закопани во масовни гробници, откако беа убиени поради страв од мутирана верзија од коронавирусот, сега ги загадиле подземните води. Дански радио медиум ја пренесе оваа вест откако Министерството за земјоделство призна дека изгубило трага од околу еден и пол милиони животински трупови.

Данска која претставува најголемиот произведувач на крзно од куна, минатиот месец се одлучи да убие над 15 милиони куни откако откри мутирана верзија од вирусот кој можеше дополнително да ја загрози ефективноста на вакцините.

Во неможност да закопат толку многу животни одеднаш, данските власти закопаа десетици илјади животински трупови во плитки ровови од по два метри, во регион кој е отстапен за воени вежби. Регионот Западен Џутленд стана познат откако закопаните трупови почнаа да се подигаат од почвата, бидејќи телата на куните се наполниле со гасови.

Според „Радио4“, заклучок од студија направена за Данската агенција за заштита на околината, вели дека подземните води можно е да се загадени, а авторите повикале властите да преземат итна акција.

Министерството за храна, земјоделство и рибарство исто така изјавило дека не може со сигурност да потврди каде се остранети 4,700 куни.

„Може да ви звучи неверојатно кога ќе слушнете, но не можеме да земеме одговорност за секоја куна. Може да ја ситните ситуацијата за да да изгледа така, но ова за жал е вистината. Не е неверојатна ни опцијата дека сме закопале повеќе од што сме изброиле“, изјавил министерот за земјоделство, Расмус Прен.

Според министерството, данската администрација за ветеринарство и храна била одговорна за отстранувањето на 31,000 тони заклани куни, односно околу 11 милиони тела.

Околу 10,400 тони се наоѓаат во две масовни гробници во Холстебро и Каруп, региони во западна Данска, а околу 14,000 тони се дадени за индустриско производство за крзно. Околу 2,300 тони чекаат закопување, со што остануваат 4,700 тони за кои властите немаат информации каде се наоѓаат.

„Проблематично е што властите не можат да кажат каде се овие куни и дали се безбедни. Влијанието врз околината се менува според тоа колкав е бројот на куни кои се закопани во масовните гробници. Жителите близу гробниците имаат право да знаат колку куни се закопани таму“, изјавила Ула Турнас, лидерка на либералната опозициска партија.

Извор: Guardian