Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од Ковид 19 починаа 46 лица од кои деветнаесет пациенти се од Скопје, пет пациенти од Тетово, тројца од Велес, Струмица и Охрид, двајца од Кочани, Струга и Кичево, и по еден од Дебар, Штип, Прилеп, Кавадарци, Гостивар, Демир Хисар, Македонски Брод. Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Направени се 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579. Од нив најмногу во Скопје, 10886, Тетово 1024, Прилеп 961, Гостивар 916.
Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-571, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-206, Биотек-119, МАНУ -203, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -32, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 890 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 115 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 37 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 80 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 51, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1376 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.