Од Сојузот на дијабетичари на С. Македонија побараа навремена и континуирана достапност на инсулин на територијата на цела држава, особено во услови во пандемија од Ковид-19. Од Созјузот велат дека се соочуваат со многу предизвици и прават се за да се регулираат својата состојба за да се одбегнат компликации и влошување на состојбата.
„Лицата со дијабетес – децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност, во последните 2 – 3 месеци со недостаток на одредени инсулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата.
Имено, силно се надеваме дека, нашето барање за решавање на оваа состојба, за навремено и целосно достапен инсулин до секој пациент, ќе биде надмината во најкраток можен рок, во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во интерес на јавното здравје“, апелираат од Сојузот.
Оттаму порачуваат дека јавното здравје не е ниту „бизнис“, ниту политика.