„Порнхаб“ со нови политики за прикачување на содржина откако текст на „Њујорк Тајмс“ посочи на злоупотреба на деца

Минатата недела, „Њујорк Тајмс“ објави текст насловен „Децата на Порнхаб“, во кој детално е објаснето како сајтот решава да „замижи“ пред видеата од силување на деца и возрасни, но и други злоупотребувања кои се прикачени на платформата од анонимни корисници. Текстот набрзо стана популарен ширум светот, а „Порнхаб“ објави и соопштение за „својата обврска кон довербата и безбедноста“.

Со решение кое стапи веднаш на сила, отсега „Порнхаб“ ќе дозволува само одредени страни да ја имаат можноста за прикачување на нова содржина. Истовремено, платформата ќе ја забрани опцијата за симнување на содржини и ќе го зголеми надзорот врз свежо прикажената содржина. Сајтот оваа година склучи и партнерство со Националниот центар за исчезнати и злоупотребени деца. Преку оваа соработка ќе биде подготвено и истражување за детско сексуално злоупотребување.

Текстот на „Њујорк тајмс“ е тежок и разочарувачки за читање, но не е првиот текст на оваа тема.

Во соопштението на „Порнхаб“ се вели дека „ништо не е поважно од безбедноста на нашата заедница“, иако на компанијата и беа потребни месеци да да ги избришат видеата објавени на „GirlsDoPorn“, каде жени беа изманипулирани да го снимат својот однос. Кога жените го тужеа сајтот, наместо извинување добија клевети.

Истиот случај се повторил и пред две години, кога било побарано да се отстранат изманипулирани „deepfake“ видеа. „Порнхаб“ вети дека ќе ги отстрани видеата, но тоа се случило само откако случајот добил медиумско внимание.

„Децата на Порнхаб“ не беше првиот аларм кој платформата го има добиено за ужасните, нелегални видеа кои се достапни со само еден „клик“ ако ги употребите точните зборови. Само оваа година имаше многубројни случаи во кои тинејџерки требаше да се судат со „Порнхаб“ за нивните видеа да бидат отстранети.

„ТрафикингХаб“, кампања за затворање на „Порнхаб“ веќе има собрани милиони потписи. Зад оваа кампања стои групата „Екзодус Крај“ која е радикално конзервативна, но потпишаните лица сметаат дека несогласните видео манипулации, „GirlsDoPorn“ и „Децата на Порнхаб“ се вистински посочувачи кон експлоатацијата за која „Порнхаб“ знае, но не прави ништо се додека случаите не се масовно проширени и откриени.

Новите политики на „Порнахб“ не се првите кои беа имплементирани за да се избегне прикачување на нелегални и несогласни видеа. Од компанијата тврдат дека ризичните содржини лесно може да се отстранат преку опција „fingerprinting“, но медиумот „VICE“, откри дека таа опција воопшто не ни функционира.

„VICE“ го објави овој резултат во текстот „Порнхаб не се секира“ и многу е тешко да се поверува дека компанијата навистина се грижи. Останува да се види дали новите мерки ќе дадат некаков резултат.

Извор: Mashable