По првата донаторска акција, проектот „Да бидеме хумани“ продолжува со хуманост, овој пат за создавање детски насмевки и среќа за децата во текот на празничните денови.
Тие најавија дека во рамки на проектот ќе промовираатме и поддржат 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој настан, а здружението „Љубезност” кое е дел од проектот ќе се погрижат донациите да стигнат до вистинско место. Притоа се планирани повеќе активности и работилници за прибирање на средства наменети за најмладите.
„За почеток отвораме работилница на тема „Нова година – топол дом”. Вклучете се во работилницата со вашите дечиња, ученици од градинки, училишта, едукативни центри, креирајте и забавувајте се, така што за учество во работилницата донира 100 денари за секое дете. Парите од инста работилницата ќе бидат донирани за купување на новогодишни пакетчиња на деца кои не можат да си го дозволат тоа. За благодарност на вашата љубезност ние ќе ги наградиме сите изработки со производи од нашите спонзори, додава останатата раководителка на проектот“, Симона Силјановска Василевска.
Во рамките на проектот се отворени телефонски броеви на Телеком, 070 143 100 и на А1 без префикс 143 100 или директно на банкарската сметка на ЗГ Љубезност-Скопје, Е-донации на Комерцијална Банка, 300-0000042978-15 со назнака за Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени дечиња. Исто така може да се донираат новогодишни пакетчиња кои со поддршка од здружението „Љубезност“ ќе бидат соодветно подигнати и распределени на социјално ранливи категории.