90 годишната Маргарет Кинан е првата жена која се вакцинираше со „Фајзер“ вакцината против ковид-19

90 годишна жена беше првото лице кое се вакцинираше од ковид-19 како дел од програмата за масовна вакцинација што се одвива во Велика Британија. Маргарет Кинан, која полни 91 година наредната недела, изјавила дека „ова е најдобриот роденденски подарок“.

Маргарет беше вакцинирана со првата доза од „Фајзер“ вакцините која брои 800.000 илјади единици. Се предвидува оваа количина на вакцините да бидат распределени во Велика Британија во наредните неколку недели.

До крајот на месецот се очекува бројката да достигне до четири милиони единици. Во клиниките во Велика Британија се вакцинираат највозрасните и ризични групи, како и медицинскиот персонал, а програмата цели да ги заштити најизложените лица и да го врати животот во нормала.

Маргарет се вакцинирала на Универзитетската клиника во Ковентри.

„Се чувствувам привилегирано што сум првата личност вакцинирана против ковид-19, ова е најдобриот роденденски подарок кој можев да го посакам бидејќи конечно ќе можам да се радувам на повторните средби со моето семејство и пријателите откако сама ја поминав изминатата година. Не можам доволно да се заблагодарам на персоналот кој се грижеше за мене и мојот совет до сите е да ја примат понудената вакцина – ако јас можам да се вакцинирам на 90 години, можете и вие“, изјавила Маргарет.

Велика Британија е првата земја во светот која започна да ја користи „Фајзер“ вакцината откако таа беше дозволена за употреба од регулаторните тела минатата недела.

Секретарот за здравство Мет Хенкок за „БиБиСи“ изјавил дека „претстои голема борба, но ова е првиот чекор кон излезот“. Хенкок додал дека имал измешани чувства утрово, бидејќи бил возбуден и задоволен што Маргарет ја добила својата вакцина.

„Вирусот е смртоносен, мораме да се држиме до правилата“, изјавил тој.

Премиерот Борис Џонсон се заблагодарил кон СЗО и кон сите научници кој макотрпно работеле за да ја создадат вакцината, но и кон волонтерите и сите кои ги следеле правилата.
„Ќе го победиме ова заедно“, изјавил тој.

Вакцинацијата против ковид- 19 не е задолжителна.

Велика Британија има нарачано 40 милиони единици од вакцината, кои ќе бидат доволни за 20 милиони луѓе, бидејќи за една личност се потребни две единици. Сепак, повеќето вакцини од нарачаната доза нема да бидат достапни до 2021, иако властите велат дека до крајот на 2020 се очекуваат 4 милиони дози.

Ханкок нагласил дека се очекува во наредните неколку недели вакцинирани да бидат медицинските работници на фронтовите, како и лицата над 80 години.
Професорот Стивен Повис, националниот медицински директор за крилото на СЗО во Англија изјавил дека процесот на вакцинирањето го чувствува како „почеток на крајот“.

„2020 беше ужасна година, но животот полека ќе се врати во нормала во идните месеци“, додал тој.

Запрашан за тоа која е неговата порака кон лицата кои се загрижени поради вакцината од ковид-19 тој се изјаснил дека вакцинацијата е најбезбедната форма на лекување“.
„Оваа вакцина беше тестирана од илјадници луѓе во клиничките испитувања, како и од независнто регулаторно тело „МХРА“ кое темелно ја испитување вакцината и даде зелено светло за нејзина употреба. Па така, ако сте повикани да се вакцинирате, дојдете да се вакцинирате – тоа е мојот совет за вас“, изјавил тој.

Извор: BBC