Регистрирани 1100 нови случаи на ковид 19, починаа уште 30 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19.  Починати се 30 лица, дванаесет пациенти од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68г), еден од Куманово (73г), тројца од Прилеп (73, 63 и 73г), еден од Тетово (62г), двајца од Струга (57 и 64г), двајца од Битола (62 и 67г), двајца од Гостивар (64 и 64г), еден пациент од Струмица (74г), еден од Радовиш (65г), еден од Крушево (80г), еден од Пробиштип (76г), еден од Берово (58г), еден од Ресен (66г)  и еден пациент од Неготино (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 585 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66330, бројката на оздравени пациенти е 42241, на починати е 1877, а бројот на активни случаи изнесува 22212. Најмногу активни случаи има во Скопје – 10735, Гостивар 1062, Прилеп 1033, Тетово 1021.

Направените 2824 теста се преку: ИЈЗ-743, ЦЈЗ Скопје-64,  Авицена-245, Биотек-272, МАНУ -209,  Жан Митрев (Филип Втори)-160, Систина со PCR метода -134, лабораторија Лаор –39, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-49, Ремедика-30, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -775, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 344.085 тестирања на Ковид -19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни  на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во  Гевгелија 17 лица позитивни  и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1286 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.