Земјотрес со јачина од 3.4 степени по Рихтер на 8 километри од Скопје

Земјотрес со јачина од 3.4 степени по Рихтеровата скала беше регистриран околу 14 часот и 9 минути, на 8 километри од главниот град Скопје, првично соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Од Центарот потоа ја ажурираа информацијата и известија дека се работи за земјотрес со јачина од 3.9 степени по Рихтеровата скала.

Според сведоштвата што може да се прочитаат на веб-страницата на сеизмолошкиот центар, дел од граѓаните земјотресот кој се случи на длабочина од 2 километри, го опишуваат како доста силен, но и краток. Дополнително, земјотресот го осетиле и граѓани во источниот дел на државата.

Засега нема информации дали се предизвикани некакви штети.

Пред нецел месец, беше регистриран и друг земјотрес со епицентар кај Маврово, кој беше со јачина од 5 степени по Рихтер.

Силен земјотрес ги разбуди жителите – епицентарот е кај Маврово