Речиси две третини од децата на училишна возраст во светот немаат пристап до интернет во својот дом, соопштија од Обединетите Нации (ООН), пренесува „Данас“.
Извештајот прецизира дека 1.3 милијарди деца на возраст од 3 до 17 години немаат пристап до интернет, како и 63% од младите на возраст од 15 до 24 години.
„Фактот што толку многу деца дома немаат пристап до интернет, веќе не е ‘дигитална јама’, туку ‘кањоњ’“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ Хенриета Форе.
Неможноста за пристап до интернет ги лишува младите од средствата за „натпреварување во модерната економија“, и тоа ги изолира од светот, додаде таа.
Оваа состојба е особено сериозна затоа што поради пандемијата, многу земји привремено ги затворија училиштата и организираат настава на далечина.
„Искрено, недостатокот на пристап до интернет ги лишува новите генерации од нивната иднина“, изјави Форе.
Најлоша е состојбата во земјите од Супсахарска Африка и Јужна Азија каде само 10% од децата имаат пристап до интернет.