32 починати и 336 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва на полноќ соопшти дека од Ковид-19 во последните 24 часа починале 32 лица, односно, 12 пациенти од Скопје на 66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82 години, двајца од Прилеп на 70 и 55 години, тројца од Тетово на 64, 79 и 67 години, двајца од Струга на 67 и 74 години, еден од Велес на 51 година, двајца од Охрид на 70 и 74 години и еден од Кавадарци на 77 години.

Потоа, оттаму соопштија дека од Ковид-19 починал и еден пациент од Гостивар на 61 година, двајца од Струмица на 63 и 66 години, двајца од Радовиш на 62 и 70 години, еден од Кочани на 64 години, еден од Делчево на 78 години, еден од Кичево на 64 години и еден од Неготино на 55 години. Двајца пациенти се починати вон, а останатите се починати во болнички услови.

Од МЗ соопштија дека се потврдени 336 нови случаи на коронавирусот, односно, регистрирани се 95 случаи во Скопје, 41 во Гостивар, 34 во Битола, 30 во Велес, 27 во Прилеп, 14 во Кичево, 12 во Штип, 11 во Тетово, по десет во Куманово и Радовиш, по седум во Кавадарци, Гевгелија и Струмица, по шест во Свети Николе и Неготино, по три во Крива Паланка, Берово и Виница, два во Ресен и по еден случај е регистриран во Струга, Охрид, Крушево, Пробиштип, Демир Хисар, Валандово, Делчево и Кратово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 544 оздравени пациенти, односно, од Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и од Неготино-14.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169. Од вчера се евидентира еден контролен тест“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 332.286 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.181 тестови.