Северна Македонија се наоѓа на високото 9-то место од преку 200 држави во светот според бројот на смртни случаи од коронавирусот по глава на жител. Земјава со 831 починати лица на милион жители истовремено е најлоша во регионот.
Истовремено, кога ќе се разгледа смртноста според процентот на починати од вкупниот број заразени лица од Ковид-19, С. Македонија со 2,81% се наоѓа на високото 23-то место меѓу државите од светот кои регистрирале повеќе од 10.000 позитивни на вирусот, а помеѓу европките земји се наоѓа на 6-тото место.
Повеќе податоци погледнете на инфографикот во продолжение:
Даниел Евросимоски