Со утрешното предавање (01 декември) на тема „Леви феминистички хоризонти: професионализирање или радикализирање на женското движење во Бугарија“, годинава ќе се затвори годинешново петто издание на Фестивалот на критичка култура „КРИК“ во организација на „Контрапункт“.
Гостинка на фестивалот е Марија Иванчева, социолог и антрополог од Бугарија, која ќе одржи онлајн предавање со почеток во 19 часот, а по предавањето ќе се одржи и дискусија која ќе ја модерира Јана Коцевска. Предавањето ќе се одржи на англиски јазик, со пренос во живо на официјалната Фејсбук страница на КРИК.
Темата на годинашното издание на „КРИК 05“ беше „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“ која е инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“ која е и понатаму актуелна.
Излагањето на Иванчева ќе се базира на истражувањето и искуството поврзано со темата за континуитетите и прекините на женското движење во Бугарија.
„Спроти искуството на (анти) феминистичката либерална рамка на борбата против семејното насилство во Бугарија во 2000-тите, се анализираат појавите и работата на левата феминистичка група LevFem. Од 2018 година, групата се стреми кон политизирање на дебатата за и ангажирање на работата поврзана со насилството покренувајќи прашања за ре/продуктивна работа, структурната нееднаквост и неолибералната капиталистичка војна врз бугарските жени, етичките и сексуалните малцинства, како и врз општеството генерално. Излагањето ќе се фокусира на некои достигнувања и предизвици поврзани со движењета кои имаат социјалистички феминистички фокус во поширокиот контекст на ретрарадиционализацијата и десекуларизацијата, од кои Бугарија е еден пример меѓу многуте“, објаснуваат од „Контрапункт“.
Марија Иванчева е бугарски социолог и антрополог, која моментално живее и работи во Велика Британија. Таа има истражувано и објавувано на темите како високото образование, трудот, прекарноста, меѓусекторските нееднаквости и улогата на универзитетите и нивните заедници во пошироките процеси на социјалните промени, особено од и од социјализмот. Марија е член на уредничкиот одбор на „LeftEast“ и на бугарскиот левичарски феминистички колектив „LevFem“.