1.093 новозаразени и 28 починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа се потврдени 1093 нови случаи на Ковид-19, односно, регистриран е 431 случај во Скопје, 94 во Гостивар, 60 во Прилеп, 57 во Куманово, 55 во Велес, 44 во Кавадарци, по 41 во Штип и Тетово, по 37 во Битола и Охрид, 29 во Струга, 20 во Свети Николе и 19 во Неготино.

Потоа, 18 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струмица, 15 во Кичево, по 14 во Гевгелија и Дебар, 13 во Кочани, 11 во Радовиш, десет во Ресен, осум во Крушево, по седум во Крива Паланка и Делчево, по три во Валандово и Виница, по два во Пробиштип и Македонски Брод и еден случај во Кратово.

Од МЗ соопштија дека од Ковид-19 починале 28 лица, односно, десет пациенти од Скопје на 54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62 години, четири од Куманово на 76, 78, 69 и 85 години, еден од Дебар на 82 години, еден од Штип на 61 година, пет пациенти од Тетово на 83, 72, 74, 62 и 64 години, еден од Струга на 57 години, еден од Велес на 70 години, еден од Охрид на 39 години, двајца од Гостивар на 69 и 53 години, еден од Струмица на 55 години, еден од Кратово на 74 години и еден пациент од Ресен на 69 години.

Институтот за јавно здравје регистрирал 819 оздравени пациенти, односно, од Скопје-256, Куманово-57, Дебар-6, Штип-26, Прилеп-49, Тетово-50, Струга-13, Велес-42, Битола-42, Охрид-27, Кавадарци-33, Гостивар-52, Гевгелија-6, Струмица-29, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Берово-9, Валандово-6, Виница-11, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-17, Кичево-13, Ресен-2 и од Неготино-13.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59701, бројката на оздравени пациенти е 36825, на починати е 1658, а бројот на активни случаи изнесува 21218“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 325.959 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.084 тестови.