Арно.мк ја презентираше малата компактна книга „25 факти за загадувањето“ од Владимир Карер и Бранко Прља. Во книгата се презентирани 25 идеи како граѓаните да влијаат врз намалувањето на загадувањето. Во книгата не е негиран фактот дека првенствено, ваквите чекори треба да ги преземе државата, односно – да се намали употребата на фосилни горива, да се регулира индустријата без загуби.
Авторите го поставуваат и прашањето – што можеме да направиме ние како граѓани?
„Оваа книгичка ти нуди многу идеи со кои можеш да си помогнеш себеси и на другите – од негреење со фосилни горива, преку садење дрва, до возење велосипед! Идеите во книгичката се собрани преку искуствата на групите „Дај, не фрлај!“, „Кеса не, благодарам. Торба си носам!“, „Не фрлај, не загадувај!“, “И јас одам со велосипед на работа” и „Еколошко, евтино, ефикасно!“ кои ги водат авторите заедно со други луѓе заинтересирани за екологијата, како и истражувачки текстови на нивниот портал arno.mk“, пишуваат авторите.
Книгата можете да ја разгледате тука, или да ја симнете тука.