Џолован Вем се соочува со големи казни поради инцидент во кој тој само држел знак со насмеано лицe пред полициска станица.
Вем самостојно стоел пред полициска станица, па сега е казнет за незаконски собир.
Тој истакнал дека држел картонски знак блиску до полициска станица само на неколку секунди за да се слика. Ваквиот „осамен“ протест бил со цел да се даде поддршка за два климатски активисти кои биле сослушувани поради ист начин на протестирање.
Во понеделникот, тој се бранел како невин за обвивенија од страна на Сингапурскиот акт за јавен ред и може да биде казнет со две казни од околу 7,400 американски долари. Сепак, кауцијата за него изнесува 15,000 долари, со тоа што Вем се очекува да се врати во судницата овој петок.
Пред неговото излагање пред Судот, Вам објавил фотографија од него како носи маска и маица со „смајли“. Неговите поддржувачи исто така објавиле фотографии со „смајли“ во знак на солидарност.
„Луѓето го гледаат Сингапур како прогресивна, модерна, развиена држава – Сингапур е сето тоа, но од аспект на инфраструктура. Сингапур е држава во која многу луѓе живеат во страв. Тие се плашат да зборуваат и да кажат што мислат за политичката ситуација во државата, или пак да зборуваат за општествени проблеми“, изјавил Вем.
Вен кој оваа година два пати бил во затвор, нагласил дека изгубил ориентација за тоа со колку казни се соочува моментално. Во судот, како дополна на неговиот самостоен протест, Вам бил обвинет и за одржување на нелегален протест во 2018 година. Тој држел знак против обвинувањата за нарушување на имиџот на уредник и новинар во онлајн портал кој објавил писмо во кое се зборува за корупција кај властите.
Вам претходно е обвинет за организирање на јавен протест без дозвола откако го поканил на затворена “Скајп“ средба активистот од Хонг Конг, Џошуа Вонг. Властите тврделе дека Вам немал дозвола за странско излагање на настанот
„Го правам она што го правам зошто мислам дека е важно да се привлече вниманието кон преголемите и драконски однесувања на сингапурската Влада“, соопштил Вем.
Сингапур одржува строги правила за јавни собири. „Ќошот за излагања“ кој се наоѓа во паркот Хонг Лим е единствениот реон каде не е потребна дозвола за одржување на јавен собир, но местото е затворено поради коронавирусот.
Фил Робинсон од „Human Righst Watch“ изјавил дека обвиненијата на Вем се апсурдни.
„Човек ќе си помисли дека сингапурската Влада ќе биде доволно паметна да не поткрене толку смешно обвинение со кое ќе стане дворски шут пред светот, но властите се заслепени од нивниот командерски и контролирачки начин на размислување, па тие избираат максимална казна и за најмала провокација“, смета Робинсон, додавајќи дека Сингапур мора да порасне и да има национален разговор за тоа што луќето сакаат од 21-от век, односно почитување на човековите права и слободи.
Извор: Guardian