МЗ: 25 починати и 1.182 новозаразени со Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека од Ковид-19 починале 25 лица, односно, шест пациенти од Скопје на 84, 77, 78, 83, 60 и 59 години, четири од Куманово на 70, 61, 66 и 77 години, еден од Штип на 72 години, тројца од Прилеп на 45, 75 и 71 година, тројца од Тетово на 58, 76 и 59 години, двајца од Велес на 71 и 88 години, еден од Битола на 54 години, еден од Кавадарци на 66 години, двајца од Гостивар на 67 години, еден од Струмица на 71 година и еден од Крушево на 86 години.

Од МЗ соопштија дека во последните 24 часа се потврдени 1.182 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 544 случаи во Скопје, 75 во Тетово, 66 во Гостивар, 55 во Кичево, 50 во Прилеп, 48 во Куманово, 41 во Велес, 38 во Охрид, 31 во Штип, 30 во Кавадарци, 28 во Битола, 27 во Струга, 22 во Струмица, 18 во Неготино, 17 во Гевгелија, 13 во Кочани, 12 во Валандово, девет во Пробиштип, по осум во Крива Паланка, Радовиш и Виница, седум во Крушево, по шест во Македонски Брод и Свети Николе, по четири во Берово, Делчево и Ресен и три случаи се регистрирани во Демир Хисар.

Институтот за јавно здравје регистрирал 707 оздравени пациенти, односно, од Скопје-375, Куманово-33, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-53, Велес-29, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-17, Гостивар-21, Гевгелија-18, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-2, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-9 и од Неготино-17.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 309.590 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.109 тестови.