И до 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина – нови законски измени

На вчерашната седница на Владата усвоена беше усвоена Предлог-измената на Законот за прекршоци со што се предвидуваат до 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина.

Имено, со предлог-законското решение за измените во Законот за прекршоци се регулира зголемување на глобите, од областа на животната средина соодветно на причинетата штета предвидени со материјалните закони. Измените ги регулираат прекршоците кои се однесуваат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности.

Задолжителното уогласување на прописите од областа на животната средина со постојниот Закон за прекршоци ќе доведеше до намалување на постојните прекршочни санкции, посочуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање кои задено со Министерството за правда пристапија кон изменување на Законот за прекршоците за заострување на казнената политика во областа на животната средина.