Студентската организација „Елса Северна Македонија“ во петок (13 ноември) со почеток од 17:00 часот на платформата „Zoom“ организира конференција на тема „Лажни вести во време на корона кризата”.
Говорници ќе бидат Никола Спасов – Сопственик на Агенцијата Рејтинг, Росана Алексовска – Ф2Н2 и Катерина Синадиновска – Совет за етика во медиуми.
„Во време на светска пандемија, судрени со предизвикот на новото секојдневие, дигиталниот свет зема уште поголем замав од порано. Животот добива online форма, а информациите кои ги добиваме преку порталите сериозно влијаат на однесувањето на луѓето. Во фаза на една масовна електронска доминација, лажните вести се шират со спринтерска брзина и станува се потешко истите да се таргетираат и избегнат. “Fake news” станува предизвик на новото време, а борбата со истите е клучна за одговорното однесување на луѓето како чекор до справување со вирусот“, посочуваат од „Елса“.
Котизацијата за учество на конференцијата изнесува 100 денари за членови и 180 денари за надворешни учесници, а учество се пријавува на applications@mk.elsa.org. Бројот на учесници е ограничен, а следуваат сертификати.