Радио МОФ ги повикува младите да снимат прашање за министерката Мила Царовска

Радио МОФ ги повикува сите средношколци, студенти и млади, кои имаат некакви проблеми, неодговорени прашања или се само љубопитни, да и постават прашање на министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Она што треба да го направите, е да го снимите своето прашање како куса видео порака, и да ни го испратите на мејлот на Радио МОФ (info@radiomof.mk) или во порака на социјалните мрежи ( Фејсбук, Твитер, Инстаграм).

Може да ни испратите едно или повеќе кратки видеа не подолги од една минута, на својот мајчин јазик, а ние во текот на следната недела ќе и ги поставиме на министерката Царовска и ќе направиме видео со вашите прашања и нејзините одговори. Нема ограничување на темите, но обидете се да бидат во рамките на работата на министерката за образование.

Прашањата може да ги испратите пратат до крајот на оваа седмица, до недела, 15 ноември 2020.

Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, се обидува да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.