Владата на денешната седница донесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот, забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.
Дополнително од Владата донеле заклучок и за вклучување на поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.
Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест КОВИД-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила.