Светот нема време за климатска промена, предупредуваат експертите

Во период на ковид, лидерските фигури повикуваат на храбри зелени мерки за подобрување на економијата.

На светските лидери им снемува време за спроведување на зелено опоравување од кризата со ковид-19, а преостанува само една година пред Самитот на ОН кој ќе одлучи за иднината на глобалната клима, предупредуваат водечки експерти.

Прогресот во зеленото опоравување, кое ќе ги намали емисиите додека се надоместуваат штетите од пандемијата. е попречен од потребата за итен спас на загрозените економии ширум светот и растот на новозаболени од ковид-19 во Европа, САД и останатите земји.

„Важно е да ја обновиме економијата, но ако не ја задржиме глобалната температура под 1,5 Целсиусови степени, ќе се создаде голем, голем проблем. Дел од градовите и државите ширум светот нема да постојат во свет со висока температура. Мораме да ги реконструираме нашите заложби пред да ја поминеме точката од која нема враќање.“, изјавил поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун за „Гардијан“.

Доколку немаше глобална пандемија, владите ќе се состанеа во Глазгов за почетокот на виталните ОН разговории за климата, кои имаат цел да ја возобноват Париската конвенција од 2015 година. Засега, ваквиот состанок е одложен до нареден ноември, а во меѓувреме, владите бараат начини за справување со коронавирусот.

Во првата фаза од пандемијата се штедеше на економскиот колапс, а владите поставуваа државни карантини, кои почнувајќи од Кина, полека го преминаа светот. Затворањата ги намалија емисиите на гасовите, но создадоа економски хаос од кој државите сè уште се обидуваат да излезат.

Бан предупредил дека во наредните неколку месеци, лидерите мораат да преминат на поодржлив модел, да промовираат економии со ниска употреба на јаглерод и да создадат работни позиции и чист развој, наместо да „цементираат“ високојаглеродна инфраструктура во опоравувањето – што би значело губење надежта дека ќе се исполнат целите на Париската конвенција.

„Јас ги предупредувам светските лидери – апсолутно е ОК, потребно е да се потрошат пари за да ја возобноват економијата, но истовремено, тие не треба да ја занемаруваат климата. Се плашам дека моментално приоритетите се насочени кон ковид-19“, додал тој.

Економистите расправаат дека креирањето на зелено опоравување брзо би создало работни места, што би било залекување на брзиот раст на невработеноста која резултираше од карантинот.
Изолирани домови, инсталирање на соларни панели и употреба на обновлива енергија, проширување на широкопојасниот интернет, ремоделирање на градовите за тие да се подостапни за пешаците и велосипедистите, посадување на дрвја и изградба на брани се потребни за ресетирање на националните економии на ниско ниво на јаглерод и се трудово интензивни.

Додека владите трошат трилиони за справување со кризата, ваквото инвестирање би значело и осигурување на просперитетна иднина со ниско ниво на јаглерод.

Сепак, според Бан, државите сè уште може да се опорават, посочувајќи на соопштението на кинескиот претседател Џинпинг дека најголемиот емитер ќе цели кон нулта емисии до 2060 година. Ваквата вест од Кина, беше проследена со соопштението дека Јапонија и Јужна Кореа целат кон нула емисии до 2050 година.

„Ова е неверојатна, одлична одлука на кинеската влада. Сè повеќе земји се вклучуваат во силната политичка волја да воспостават нулта емисии до 2050“, истакнал Бан.

„Сè зависи од тоа дали Кина, која сè уште нема започнато зелено опоравување, ќе презеде акции на целта за нулта емисии. Доколку Кина не забрза за воведување на зеленото опоравување како план за наредните пет години, тогаш светот нема да ги исполни своите климатски цели“, нагласил Фатих Бирол, извршен директор на Интернационалната агенција за енергија, глобалниот авторитет за енергија.

Тој истакнал дека многу од земјите изградиле заштитни ѕидови околу економиите, додавајќи дека сега е потребна чиста енергија и план за поправка на економијата.

ЕУ презела акции за зеленото опоравување, издвојувајќи 30 отсто од фондот од 750 билиони евра.

„Земјите членки ќе мора да смислат планови сами за себе. Доколку земјата членка предложи планови кои се слаби, Европската комисија мора да е силна и да каже не – ова е пропуштена можност. Мораме да им покажеме на луѓето зошто е важно зеленото опоравување“, истакнала Кони Хедегаард, член на Европскиот борд за бранење на еколошкото финансирање.

Извор: Guardian