Рекордни 24 лица починати од Ковид-19, регистрирани 913 новозаразени

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починале 24 лица. Односно, починале двајца пациенти од Скопје на 77 и 67 години, еден од Куманово на 59 години, четири пациенти од Прилеп на 70, 61, 79 и 45 години и тројца пациенти од Велес на 82, 78 и 82 години.

Потоа, починати се двајца пациенти од Битола на 80 и 62 години, тројца пациенти од Охрид на 67, 64 и 68 години, двајца од Гостивар на 66 и 68 години, шест пациенти од Струмица на 75, 64, 75, 60, 37 и 61 година и еден пациент од Пробиштип на 69 години.

Од МЗ информираа дека во последните 24 часа се направени 2.731 тестирања, а дека се потврдени 913 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 459 случаи во Скопје, 79 во Велес, 78 во Прилеп, 44 во Тетово, 37 во Охрид, 33 во Битола, 26 во Струмица, 25 во Куманово, 24 во Кавадарци, 18 во Штип, 11 во Струга, десет во Делчево и по девет случаи се регистрирани во Гостивар и Свети Николе.

Потоа, осум случаи се регистрирани во Кочани, по пет во Кратово, Кичево и Неготино, четири во Виница, по три во Гевгелија, Крива Паланка, Радовиш, Крушево и Демир Хисар, по два во Пробиштип, Валандово и Ресен и по еден случај е регистриран во Дебар, Пехчево и Берово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 421 оздравени пациенти од: Скопје-199, Куманово-18, Штип-15, Прилеп-25, Тетово-25, Струга-6, Велес-11, Битола-7, Охрид-14, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-16, Струмица-26, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-1, Свети Николе-7, Кичево-7, Неготино-4.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 33908, бројката на оздравени пациенти е 21665, на починати е 1049, а бројот на активни случаи изнесува 11194. Денеска се регистрираат два контролни теста од вчера“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се седум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 130 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и две суспектни деца на Ковид-19 и 23 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 23 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 376 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 255.904 тестирања на Ковид-19.